Грција

Генерален штрајк во Грција

09.11.2022 10:08

Генерален штрајк во Грција. Бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, како и јавниот превоз во Солун и Атина се блокирани...

Генерален штрајк во Грција. Бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, како и јавниот превоз во Солун и Атина се блокирани.

Во грчката престолнина не сообраќаат ниту такси возилата. За зголемување на платите, колективни договори, но и да се стави крај на политиката која ги прави богатите побогати, двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот и државниот сектор, почнаа 24-часовен генерален штрајк.

Грција денеска ќе биде и без вести и информативни емисии, поради учеството на новинарите во штрајкот, а нема да функционираат ниту јавните служби и државните институции.