Северна Кореја
Северна Кореја истрела најмалку една балистичка ракета
09.11.2022 10:12
Ракетата лансирана од Северна Кореја паднала надвор од јапонската економска зона во Јапонското Море...

Северна Кореја истрела најмалку една балистичка ракета, соопшти јужнокорејската војска. Ракетата лансирана од Северна Кореја паднала надвор од јапонската економска зона во Јапонското Море.
Пјонгјанг соопшти дека воените активности на Северна Кореја се одговор на провокациите на Јужна Кореја и нејзините сојузници.
Од почетокот на 2022 година, Северна Кореја изврши 30 пробни лансирања на проектили.
