Ангелов: Пронајдениот планинар не дава знаци на живот
Планинарот по кој се трагаше од синоќа, откако беше пријавено дека паднал од карпа во реонот кај Титов Врв е пронајден во провалија. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој е вклучен во акција за извлекување на телото во реонот околу Титов врв во телефонски разговор изјави дека пронајденото тело не дава никакви знаци на живот.

Ние како институција не можеме да ја констатираме смртта, за тоа се надлежни други служби, но пронајденото тело не дава знаци на живот. Во моментов се спроведува спасувачка акција за извлекување на телото. ЦУК ќе излезе со подетални информации, изјави директор на ЦУК Стојанче Ангелов.
Инаку синоќа околу 20 часот беше пронајден и планинарот кој извести за несреќата и тој околу три часот ноќеска е пренесен в болница заедно со началникот на СВР Тетово кој исто така се здобил со телесни повреди, информираа изутринава од Центарот за управување со кризи.