Г-7 најави поостри санкции за Русија
Лидерите на Г-7 се согласија да продолжат со дополнителни санкции против Русија, ако Москва не преземе конкретни мерки за поддршка на договорот од Женева...

Лидерите на Г-7 групата на држави со најсилни економии во светот, утринава излегоа со соопштение во кое стои дека Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велик Британија, САД и Европската унија ќе воведат нови, поостри санкции кон Русија, поради тоа што земјата не прави напори за деескалација на настаните на источниот дел од Украина.
Лидерите на Г-7 се согласија да продолжат со дополнителни санкции против Русија, ако Москва не преземе конкретни мерки за поддршка на договорот од Женева со намера да се смири кризата во Украина.
Во соопштението стои дека поради итната потреба да се обезбедат „успешни и мирни демократски избори следниот месец во Украина“ групата е решена да дејствува итно да се интензивират санкциите.
Последните неофицијални инфорамции во светските медиуми велат дека САД и ЕУ ќе ги објават санкциите против руските власти на 28 април.
