Македонија

Нови дојави за поставени бомби во средни училишта во Скопје

09.11.2022 10:49

Две средни скопски училишта повторно на електронска пошта добиле дојава за поставени бомби...

Две средни скопски училишта повторно на електронска пошта добиле дојава за поставени бомби.

Според МВР дојави за поставени бомби добиле училиштата, гимназијата Јосип Броз Тито и поштенското средно училиште ПТТ Владо Тасевски.

Екипи на МВР се веќе во училиштата и ги проверуваат просториите.