Косово

ЕУЛЕКС доби привремено засилување на Косово

09.11.2022 11:43

Зајакнувањето на полицијата на ЕУЛЕКС доаѓа откако припадниците на српската заедница ги напуштија сите косовски институции на северот на Косово, вклучително и полицијата и судството...

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел, соопшти дека полицијата на ЕУЛЕКС добила засилување за да обезбеди стабилност на Косово.

Борел на Твитер напиша дека „во овие тензични времиња во Косово, Мисијата на ЕУ за владеење на правото-ЕУЛЕКС ја исполнува својата должност да обезбеди стабилност“.

Тој соопшти дека синоќа Европските сили на жандармерија, вклучително и карабинерите, пристигнале за привремено да ја засилат полициската единица на ЕУЛЕКС во Косово.

ЕУЛЕКС ќе продолжи да поддржува мирна и безбедна средина“, напиша високиот претставник на ЕУ.

Зајакнувањето на полицијата на ЕУЛЕКС доаѓа откако припадниците на српската заедница ги напуштија сите косовски институции на северот на Косово, вклучително и полицијата и судството.

Косовската претседателка Вјоса Османи претходно вчера се сретна со шефот на ЕУЛЕКС, Ларс-Гунар Вигемарк, со кого разговараше за последните случувања на северот од земјата, како и за соработката на државните и меѓународните институции.