САД - Избори

Тесна разлика во Сенатот меѓу републиканците и демократите

09.11.2022 12:40

Затворени гласачките места во САД. Победа на републиканците во Претставничкиот дом, во американскиот Сенат тесна трка. Регистиран застој на десетици изборни машини во Аризона. Трамп обвинува за изборна измама..

Тесна разлика во Сенатот меѓу републиканците и демократите, во Претставничкиот дом повеќе од веројатно е дека победи црвениот бран. Го добивме Домот повторно, порача лидерот на републиканците во Домот, каде што досега претседаваше демократката Пелоси. Најновите информации се 198 места за републиканците, 178 за демократите.

„Републиканците ќе работат со секој кој е подготвен, нека ни се придружи за да ја испорачаме оваа нова насока што ја бараа Американците. Но, нема време за губење. Нашата работа почнува сега. Ајде да ја вратиме Америка на вистинскиот пат. Претставничкиот дом е наш“, порача Кевин Мекарти, лидер на републиканците во Претставничкиот дом.

Во трката за местото во Сенатот, во сојузната држава Пенсилванија, демократите велат дека постигнале важна победа. Но, според американските медиуми трката е изедначена, по 48 места за двете партии. Битката е кој попрво ќе освои 50 мандати. Во Пенсилванија, една од клучните земји демократите веќе прогласија победа, но популарниот доктор Оз, кандидатот на црвените предупредува – да почекаме.

„Никогаш не очекував дека ќе ги претвориме овие црвени окрузи во сини. Ова е победа за секој мал град или личност што некогаш се чувствувал запоставено. За секоја работа што некогаш била изгубена. Заштита на правото на избор на жената. Зголемување на нашата минимална плата. Борба против синдикалниот начин на живот. Здравствената грижа е основно човеково право“, изјави Џон Фетерман, кандидат за гувернер на Пенсилванија.

„Кога ќе се пребројат сите гласачки ливчиња, веруваме дека ќе победиме во оваа трка“, изјави Мехмет Оз, кандидат за гувернер на Пенсилванија.

Демократот Вес Мур беше избран за првиот црномурен гувернер на Мериленд, победувајќи го републиканецот Ден Кокс во држава каде што демократите се побројни од републиканците со 2-1. Победата ја менува канцеларијата на гувернерот од републиканска во демократска.

„Нашата администрација ќе се бори секој ден за секој жител на Мериленд. Ќе се погрижиме сите да добијат шанса да успеат и ова е наше време, ќе направиме се тоа да го оствариме“, изјави“, изјави Вес Мур, кандидат за гувернер на Мериленд.

По објавувањето на официјалните резултати се очекува Доналд Трамп и официјално да ја објави кандидатурата за претседателските избори во 2024-та.

Маријана Димовска