30 коло, вжештувањето продолжува
Се надѕира крајот на фудбалското првенство на Македонија, но само календарски. За аспирантите за титулата, последните 4 кола се „вечност“! Пет екипи се сместени во само 4 бода разлика ... Работнички 53, Металург 53,Хоризонт 51, Пелистер 51, Вардар 49 бодови! Квинтет, кој до последниот првенствен миг ќе игра со највисоки амбиции и желби. Денеска на натпреварувачката лента најсилното вжештување се очекува во Битола и на „Железарница “во Скопје.

Се надѕира крајот на фудбалското првенство на Македонија, но само календарски. За аспирантите за титулата, последните 4 кола се „вечност“! Пет екипи се сместени во само 4 бода разлика ... Работнички 53, Металург 53,Хоризонт 51, Пелистер 51, Вардар 49 бодови! Квинтет, кој до последниот првенствен миг ќе игра со највисоки амбиции и желби. Денеска на натпреварувачката лента најсилното вжештување се очекува во Битола и на „Железарница “во Скопје. Пелистер, откако одново непоразен го мина секогаш предизвикувачкото надигрување со Вардар, под „Тумбе кафе“ го пречекува лидерот Работнички. Битолчани попладне ја гледаат шансата и натаму да останат во првенствената матица, која води до титулата. Пред себе го имаат Работнички, кој е со сеуште свежите рани од загубената битка против Металург.Кулминација на резултатската неизвесност! Металург чии играчи со разурнувачка сила се носат со силниот натпреварувачки виор, новото искушение го има во екипата на Хоризонт. „Страшна “ е резултатската серија на Металург: 3:1 против Пелистер во Битола, 2:1 против Вардар, 2:1 против Работнички, финалист во Купот, седум кола без пораз! Се наметна тимот од Автокоманда како главен кандидат за титулата. Статистиката укажува дека е фаворит во дербито со Турновци. Во 17-те прволигашки соочувања Металург има 7 победи над Хоризонт, само два порази, ниту еден кога бил домаќин. Но, непредвидливите резултати се силното обележје на ова првенство, особено во дерби натпреварите.
Двојките за денешното 30 коло се следниве:
Металург- Хоризонт 15.00 часот-пренос на МТВ
Во 16 часот ќе играат:
Вардар-Еуромилк
Пелистер-Работнички
Ренова-Брегалница
Гостивар-Шкендија
Напредок-Македонија ЃП
