Во Куќата-музеј на Личеноски, изложба на ликовни творби на студенти од ФЛУ
Отворена изложба на ликовни творби на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во Куќата-музеј на Лазар Личеноски. Оваа изложба е во рамки на активностите на европската куќа со кои во текот на ноември се оддава почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски организирани заедно со националната галерија...

Со свеж пристап и различни уметнички творештва, студентите и професорите од Факултетот за ликовни уметности ја изложија својата визија, интерпретирајќи ги ликот и делата на Личеноски. Вратите на музејот се отворија. Спомен-куќата на Лазар Личеноски ќе биде центар на уметноста преку изложбата во чест на наследството на овој наш еминентен македонски уметник, кој живеел и творел во овој објект.
Изложбата е дел од настаните за одбележување на третиот роденден на Европската куќа во Скопје (Europe house), кој со низа настани, организирани заедно со националната галерија, ќе му одаде почит на културното наследство на нашиот познат уметник.
Во „Музејот Личеноски“, чија ревитализација е во тек, од 12 до 14 часот ќе бидат изложени делата на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје до крајот на месец ноември.
Ана Ј. Тодоровска
