Политика

Спротивни ставови за уставните измени

09.11.2022 14:46

За лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски – уставните измени се дефокус од проблемите во економијата и енергетиката. За него единствен излез се предвремени избори. Премиерот Ковачевски негира дека имало разговори за влез на Алијанса за Албанците во Владата...

Додека Алијанса за Албанците кокетира меѓу чеканот и наковалната за влез во Владата или да остане во опозиција, премиерот Ковачевски негира било какви разговори со Таравари за преминување во владиниот табор.

И додека премиерот позитивно ја оценува лидерската, опозиционерот Мицкоски останува на ставот дека уставните измени се дефокус од проблемите во економијата и енергетиката. Вели-предвремените избори се решение за излез од агонијата со која власта не може да се справи. Според Мицкоски, влегувањето во Владата на Алијанса за Албанците не е мудар потег. Апелира на разум кај власта да прифати избори, наместо уставни измени, за кои нема мнозинство.

Спикерот на парламентот Џафери вели дека отворањето на Уставот не е интерес на власта или на опозицијата, туку суштина со која ја остваруваме втората стратегиска цел, влез во Европската унија.

Политичките партии остануваат на своите позиции. Власта е за уставни измени и редовни избори во 2024-та, опозицијата пак за економски и енергетски мерки и организирање предвремени избори.

Миле Ристески