Екстрадиран Ѓорѓи Топаловски, обвинет за двојно убиство

26.04.2014 13:28

Од скопскиот аеродром со големо полициско обезбедување е спроведен во истражниот затвор во Шутка...

Ѓорѓи Топаловски, кој е осомничен за двојно убиство во 2007-ма  година вчера вечер е екстрадиран од Мадрид во Македонија. Од скопскиот аеродром со големо полициско обезбедување е спроведен во истражниот затвор во Шутка.

Тој се сомничи дека на 22 ноември 2007-мата година во близина на зоолошката градина во Скопје ги убил Андреј Филип- Џиџи и Новица Благоевиќ – Моско, а потоа ги прегазил со неговиот автомобил.

Полицијата информираше дека причината најверојатно се нерасчистени сметки и  дека Топаловски ги убил бидејќи подолго време им должел 10.000 евра за кои требал да плати и лихва.

Од МВР соопштуваат дека со неговото спроведување во затворот, практично заврши и последната фаза од процедурата на екстрадиција која беше отпочната во август 2012-та  година.