Силен земјотрес регистриран утринава во Италија
Силен земјотрес во Италија. Епицентарот бил во близина на Римини. Следувале неколку последователни потреси. Земјотресот почувствуван и во регионот. Не мирува тлото и во Непал. Регистриран потрес од 6,6 степени по Рихтер. Има и загинати...

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според европската сеизмичка скала изутрината ја погоди Италија. Епицентарот на длабочина од 10 км, 62 км источно од Римини. Следувале два последователни потреси од 2,4 до 4,1 по Рихтери.
„Бев во кујната, исплашена. Тоа беше страшно, никогаш не сум почувствувала таков земјотрес во Пезаро, барем не откако живеам овде.“
„Беше многу силно, се тресеа сите прозорци и врати.“
„Сите излегувавме. Направив голем скок и излегов боса, онака како што бев облечена. Потоа дојдовме во училиштето да видиме каква е ситуацијата.“
Хрватските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван и во западните делови на хрватска, па дури и во Загреб.
„Се разбудив, креветот се тресеше и веднаш излегов. Бевме со група деца од други земји кои учествуваа во проектот Еразмус, така што имаше општа загриженост за сè, за среќа, сите бевме добро
„Беше многу силно, застрашувачко, сите излеговме од дома.“
Не мирува тлото и во Непал. Во земјотрес од 6,6 степени според Рихтер изутрината загинаа неколкумина. Земјотресот бил почувствуван и во северниот дел на Индија. Три силни земјотреси го погодија и јужниот дел на Фиџи. Јачината на првиот земјотрес беше 6,8 степени, вториот 7, а третиот 6,6 степени според Рихтеровата скала, а Сеизмолошкиот институт на Фиџи соопшти дека нема опасност од цунами.
Марина Ристова
