Прилеп

Социјално ранливите граѓани во прилепско очекуваат поддршката од државата

09.11.2022 14:55

Социјалната слика во прилепскиот регион горе-долу е иста последниот период. Социјално ранливите нестрпливо чекаат државна помош, а надлежните упатуваат на соработка со локалните заедници за повеќе сервисни услуги и грижа на најранливите категории граѓани…

Граѓаните се нестрпливи да ја добијат поддршката од државата од социјалниот пакет мерки. Во кризата без крај, велат, ништо не е доволно, но секој денар значи за преживување. Ама да е извесно кога социјално ранливите ќе стигнат до најавената помош.

Според анализите на Центарот за социјални работи, социјалната слика во прилепскиот регион последниот период е иста. Околу 2 300 семејства се на гарантирана социјална помош. Фокусот да им се помогне на социјално ранливите е во активационите планови за можно враќање на пазарот на трудот.

Активното вклучување на локалните самоуправи во партнерство со граѓанскиот сектор ќе ги зголеми социјалните услуги. Нема прифатен центар за бездомните лица, инцидентно се користи домот за стари лица.

Социјални мерки за помош, но и темелна соработка на институциите ќе значи дека социјално ранливите не се запоставени од заедницата.

 

Елизабета Митреска