Здравство

Болни деца ги полнат амбулантите

09.11.2022 14:58

По 130 деца за дваесет и четири часа се прегледуваат во дежурните амбуланти. 50 деца се на болничко лекување, од кои 35 се под петгодишна возраст. Децата немаа контакт со вирусите беа изолирани, и сè што требало да поминат за две години ги напаѓа одеднаш, вели микробиологот професор Пановски...

Вирусни, бактериски инфекции ги полнат амбулантите кај матичните лекари и детската болница Колзе. По 130 деца за дваесет и четири часа се прегледуваат во дежурните амбуланти. 50 деца се на болничко лекување, од кои 35 се под петгодишна возраст. Децата немаа контакт со вирусите беа изолирани, и сè што требало да поминат за две години ги напаѓа одеднаш, вели микробиологот професор Пановски. Природните процеси мора да се поминат, имунитет да се создаде по природен пат.

Суплементи, витамини треба да се даваат на деца за кои е докажано дека некој витамин им недостига. Вели колку и да се природни тие препарати во нив имаат хемикалии за да можат да се одржат да не се расипуваат, а сè што непотребно се користи може да биде и штетно.

Според Пановски тие се само удар за семејниот буџет.

Наташа Ј. Менковски