Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
Центарот за управување со кризи со полни раце работа во координација на неколку спасувачки акции по пријава на граѓани во ризик. Координираните акции и навремено интервенирање клучни за спасување на граѓаните. Деталите за настаните за кои се зборуваше деновиве добиваме од првиот човек на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Растат тензиите на северот на Косово, можно ли е решение преку дијалог? Анализа со деканот на Факултетот за одбрана и безбедност, проф. д-р Никола Дујовски.
Центарот за управување со кризи со полни раце работа во координација на неколку спасувачки акции по пријава на граѓани во ризик. Координираните акции и навремено интервенирање клучни за спасување на граѓаните. Деталите за настаните за кои се зборуваше деновиве добиваме од првиот човек на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
Одговорното однесување на планина е клучно за безбедноста на планинарите и алпинистите. За оваа тема, но и за претстојниот алпинистичкиот викенд на локалитетот Матка кој го организира Македонската алпинистичка федерација разговараме со Илија Циривири – претседател на Македонска алпинистичка федерација.
ЈП „Паркови и зеленило“ со низа активности за есенско хортикултурно уредување на Скопје. Детали на оваа тема од линковското вклучување на колешката Елизабета Кузмановска со Елизабета Георгиевска од ЈП „Паркови и зеленило“.
13 ноември – ново издание на најстариот фестивал на детска песна. Бобан Јосифовски – директор на Сојуз за грижи и воспитување на деца на Град Скопје гостин во „Македонија наутро“.
„Македонија наутро“ почнува од 06:45.
