Презентирана новата земјоделска веб - платформа „Национална рурална мрежа“
Веб- платформата „Национална рурална мрежа“ ќе дејствува во сите рурални подрачја, на целата територија на Република Северна Македонија, со цел да се подобрат условите за целосен и рамномерен развој, зголемување на квалитетот на животот на секој поединец...
енеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред присутните земјоделски здруженија и професорите од агрономската фела, беше презинтарана новата платформа „Национална рурална мрежа“.
„Како министерство го следиме текот на модерните начини за комуникација и еве денес ја промовираме веб-страната на Националната рурална мрежа nmrr.mk, платформа каде на едно место можат да се видат сите мерки и активности кои се ставаат на располагање на сите земјоделци. Главната цел е зголемена информираност на пошироката јавност и потенцијалните корисници на политиките во делот на руралниот развој. Потоа, информации околу мерките за добивање на финансиска поддршка за инвестиции, поттикнување на иновации во земјоделството, производството на храна, шумарството и зголемена одржливост на сите активности во руралните средини и заедници“, рече министерот Николовски.
Веб- платформата „Национална рурална мрежа“ ќе дејствува во сите рурални подрачја, на целата територија на Република Северна Македонија, со цел да се подобрат условите за целосен и рамномерен развој, зголемување на квалитетот на животот на секој поединец по пат на вмрежување и создавање на партнерства. Мрежата се воспоставува по европски терк со целосна вклученост на членството во нејзиното управување.
Зачленувањето и членството во Националната рурална мрежа е доброволно и бесплатно за сите граѓани, кои вршат одредена дејност во руралните средини, за сите компании, за сите органи на јавниот сектор и за сите други облици на организациона форма кои делуваат во оваа област.
