Археолошкиот локалитет „Билазора“ во фаза на конзервација
После десет години истражувања, археолошкиот локалитет „Билазора“ кај Свети Николе е во фаза на конзервација. Проектот е инициран од Филозофскиот факултет при УКИМ, а се реалзира во соработка на штипскиот музеј и Општина Свети Николе...

Во тек се конзерваторско- реставраторските работи на Владетелската палата на археолошкиот локалитет „Билазора“ во село Кнежје, Свети Николе. Се работи за антички град од железното време и раната антика познат како престолнина на Пајонците. После десет години археолошки истражувања, сега се работи на конзервација на артефактите.
Носител на проектот „Билазора“ е Филозофскиот факултет при УКИМ. Истражувањето и конзервацијата на „Билазора“ продолжува, со поддршка на Министерството за култура и Општина Свети Николе.
Славица Величковска
