Во Идризово гласањето тече мирно

26.04.2014 13:53

Гласањето започна навреме, точно во 7 часот...

Во казнено- поправните домови според избирачкиот список, 1.706 – мина кои издржуваат казна затвор или се во притвор може да гласаат за еден од двајцата кандидати за претседател, како и да гласаат за пратеници.

Гласањето започна навреме, точно во 7 часот, па веднаш почнаа да доаѓаат некои од затворениците на гласање. Гласањето тече мирно, како и вообичаено што е секогаш во затворот Идризово, велат од овој казнено- поправен дом.