САД

Бајден најави нова кандидатура за претседател

10.11.2022 09:55

Џо Бајден изрази олеснување откако демократите се одбранија од голема републиканска победа на изборите за Конгресот...

Џо Бајден изрази олеснување откако демократите се одбранија од голема републиканска победа на изборите за Конгресот.

Рече дека во почетокот на следната година и официјално ќе објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД.

На републиканците им требаат уште осум места за мнозинство во претставничкиот дом. Трката за Сенатот останува крајно неизвесна и засега е на 48:48. Ќе се решава во Аризона, Невада и Џорџија, каде што ќе има ново гласање на 6-ти декември.