„Мета“ отпушта 11.000 вработени, им објави на вработените Цукерберг
Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, писмено им се обратил на вработените и им рекол дека донел некои од најтешките одлуки во историјата на компанијата. Акциите на „Мета“ во средата наутро поскапеа за околу 7,7 отсто...

„Мета“ отпушта 13 отсто од својот персонал или повеќе од 11.000 вработени, им објави на вработените извршниот директор Марк Цукерберг.
Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, писмено им се обратил на вработените и им рекол дека донел некои од најтешките одлуки во историјата на компанијата.
Акциите на „Мета“ во средата наутро пораснаа за околу 7,7 отсто.
Отпуштањата доаѓаат во време на многу тежок период за компанијата-мајка на „Фејсбук“, „Мета“, која кон крајот на октомври даде прилично млака насоки за заработката во четвртиот квартал што ги исплаши инвеститорите и доведе до пад на нејзините акции за речиси 20 отсто.
Инвеститорите се загрижени за зголемените трошоци и расходи на „Мета“, кои скокнаа за 19 отсто во однос на претходната година на 22,1 милијарди долари во третиот квартал. Вкупните продажби на компанијата паднаа за четири отсто на 27,71 милијарди долари во кварталот, додека нејзиниот оперативен приход се намали за 46 отсто во однос на претходната година на 5,66 милијарди долари.
„Сакам да преземам одговорност за овие одлуки и за тоа како дојдовме во оваа ситуација. Знам дека ова е тешко за сите, а особено ми е жал за оние кои се погодени од оваа одлука“, напиша Цукерберг.
Вработените ќе добиваат 16 неделни плати, плус две дополнителни неделни плати за секоја година стаж, рече Цукерберг. „Мета“ ќе им го покрива здравственото осигурување во наредните шест месеци.
„Мета“ има многу инвестирано во метаверзумот, кој генерално се однесува на дигиталниот свет што допрва треба да се развие, до кој може да се пристапи преку очила и слушалки за виртуелна реалност. Оваа голема инвестиција досега ја чинеше „Мета“ 9,4 милијарди долари, а компанијата предвидува дека загубите „значително ќе растат од година во година“.
Закерберг за време на разговорот со аналитичарите како дел од деловниот извештај за третиот квартал, рече дека „Мета“ планира да ги „фокусира инвестициите на мал број области, каде што се очекува растот да биде приоритет“ во текот на следната година.