Повлекувањето на Русија од Херсон може да е замка
Рускиот министер за одбрана, Шојгу им нареди на московските трупи да се повлечат од градот Херсон во јужна Украина, кон кој украинските сили напредуваат со недели...

Рускиот министер за одбрана, Шојгу им нареди на московските трупи да се повлечат од градот Херсон во јужна Украина, кон кој украинските сили напредуваат со недели.
Повикот го упати за време на состанокот со рускиот командант во Украина, Сергеј Суровикин, кој пак рече дека ова е тешка одлука.
Според странските агенции, најавата на рускиот министер е едно од најзначајните руски повлекувања и потенцијална пресвртница во војната што трае скоро девет месеци. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Захарова рече дека руската федерација е подготвена да преговара со Украина под моменталните околности.
Ердоган пак смета дека руската одлука за повлекување е важен и позитивен чекор.
