Европска унија
Бербок: Усогласување за нови санкции за Иран
10.11.2022 09:56
Европската унија следната недела ќе се обиде да усвои нови санкции против Иран...

Европската унија следната недела ќе се обиде да усвои нови санкции против Иран, како одговор на насилството на властите врз учесниците на масовните протести што беа предизвикани од смртта на младата Махса Амини, во притвор на иранската полиција за морал, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Амини беше приведена поради неправилно носење на хиџабот-шамија, што според строгите религиозни прописи, Иранките мора да ја носат над главата. Нејзината смрт доведе до масовни протести.
