Македонија не заостанува во областа на максилофасцијалната хирургија
Максилофацијалната хирургија е темелот на стоматологијата. Македонија не заостанува зад достигнувањата на светските специјалисти кои деновиве во Охрид ги споделуваат новините во оваа област...

Македонското здравство бележи силен напредок особено кога се зборува за максилофацијалната хирургија, како единствен спој на стоматологијата и хирургијата. Но, покрај техничката опременост од особено значење за понатамошен развој е соработката со светската научна елита, со што ќе се надополнат знаењата и ќе се прифатат новите методи во секојдневната пракса.
„Хируршки веќе сме присутни на сите простори на поширокиот Балкан,што значи дека имаме пациенти надвор од нашата држава. Ги спроведуваме сите најсовремени методи на хирургијата и се надеваме дека наскоро ќе ги надополниме и техничките потреби што ги нуди најновото во хирургијата и во медицинската технологија“, изјави проф. д-р Владимир Поповски, претседател на Македонската асоцијација за краниломаксилофацијална хирургија
Хирургијата останува да биде уметност, но истата мора да е подржана од науката, вели професор д-р Анри Тоу.
„Науката бара меѓународна соработка и размена на искуства.Немам двојби дека присуството на еминентните експерти на конгресот прават Охрид деновиве да е местото каде секој лекар од областа на краниломаксилофацијалната хирургија би требало да биде“, вели проф. д-р Анри Тоу- генерален секретар на Европската асоцијација за краниломаксилофацијална хирургија.
Најзначајниот дел според Поповски е континуираната медицинска обука, особено на младите кадри, бидеќи хирургијата денес има значаен замав, со нови методи и технологии, а секако тоа мора да се вклопи во секојдневната пракса доколку сакаме да сме конкурентни.
Сашо Нелоски
