Жителите на Башино село реагираат на работата на каменоломот и асфалтната база на „МИ-СА МГ“
Жителите на велешко Башино Село реагираат на работата на Асфалтна база и каменоломот „МИ-СА МГ“. Тој се наоѓа на север од градот, на влезот од правец на Скопје. Башиноселци посочуваат дека секојдневно прашината при работата на инсталација преку воздухот стигнувала до селото...
Од детонациите во каменоломот во некои куќи во селото се јавиле оштетувања. Жителите реагираат бидејќи тие се најголемиот одгледувач на мал кромид во земјава и прашината која стигнува до селото, ќе влијаела на квалитетот на родот, па оваа култура нема да биде барана на пазарот.
Во издадената „А“ еколошка дозвола на Асфалтната база нема документ дека е извршена јавна расправа. Наспроти тоа жителите велат дека учествувале и поднеле петиција со реакции од жителите а реагирале и до ЕД Вила Зора, по најавата за изградбата на инсталацијата.
Инсталацијата МИ-СА МГ има еколошка дозвола за работа на каменоломот со „Б“ дозвола добиена од општина Велес во 2020-та година, која подоцна е додадена на „А“ еколошката дозволата која е потребна како асфалтна база.
Петар Печков
