Нацијата верува - Пандев не е завршена приказна

25.11.2013 16:34

Откако Пандев ја официјализираше одлуката да и стави крај на кариерата во дресот со државниот грб, фудбалскиот немир кај нас доби уште поголеми димензии. со право! За македонската селекција тој е незаменлив елемент. Најдиректно во играта поради перцепцијата на другите, но и надвор од теренот поради тоа со какви очи се гледаме самите себе. Затоа е значајно Пандев да остане дел од македонската репрезентација, да биде ударна игла, да биде темел на нашата фудбалска куќа.

И оние што немаат долга меморија тешко се сеќаваат на Македонија без него. Затоа повлекувањето на Пандев, сега и вака, делуваше изненадувачки дури и за добрите познавачи на нашиот фудбал, за истите кои искрено веруваат дека одлуката не е конечна и непроменлива. Сеедно е кој ќе биде нов селектор, јасно е дека Пандев ќе добие повик затоа што нема тренер што не би го користел во ова наше фудбалско друштво. Поради сево ова, независно од реченото или од напишаното, нема погрешно време за вистинскиот потег – Пандев да биде на теренот, оттаму да ја слуша македонската химна и да игра за македонската нација!

Тони Стојановски