„Се арчиме за Македонија“: 111 години од велешките Гемиџии

26.04.2014 14:16

111 години од славните гемиџии и познатото мото „Се арчиме за Македонија“. Велешани со истата почит кон младите момчиња кои храбро и соопштија на Европа дека Македонија е земја жедна за слобода. Историчарите и хроничарите со безброј податоци за нивната жртва...

Историја пишуваат храбрите, а меѓу најхрабрите пишувачи на Македонската историја се Гемиџиите. Млади момчиња кои пред 111 години ги организираа познатите Солунски атентати.  Јордан, Константин, Димитар, Илија, Владимир, Павел, Марко, Милан, Ѓорги и Цветко имале една цел, светот да разбере за тешкиот живот во тогашна поробена Македонија.

„Со акртивирање на динамитот поставен на францускиот брод „Гвадалхивир“ започнуваат акциите на Гемиџиите кои трајат до  30 мај 1903 година“, рече Слободан Ников, историчар.

И денес по толку поминати години нивната  мисла „Се арчиме за Македонија“ е водилка за секој родољубец. Се изтражува нивното дело, за да се расветли секоја постапка која храбрите македонски синови ги водела кон целта, слободна Македонија.

„Најдов еден момент многу интересен но семејството Левкови се уште не сака во јавноста да излезе со тој документ, а тоа е една фрапантна документација за тоа кој се учествувал и како се набавувал динамитот за Солунските атентати“, рече Перат Печков, хроничар.

Славејки ги Гемиџиите ние славиме за сопствената држава. Затоа не само денес туку секој миг посветен на Гемиџиите е историски, велат од Вардарската регата кои во чест на десетмината славни херои секоја година во течението на реката Вардар го минуваат патот по кој некогаш минеле и Гемиџиите.

„111 години од саможртвата на нашите сограѓани е од големо значење за продолжување на традицијата  за продолжување на  револуцијата на  добрата мисла во нашиот град“, рече Александар Бузалков, од здружението Вардарска регата - Гемиџии.

Цвеќето кое секоја година во  чест  на нивната младост се пушта по Вардат е симболот  на нивните заложби за слободна Македонија.

 

Дијана Иванова