Криза

Се очекува намалување на цените на прехранбените производи

10.11.2022 14:33

Струјата и парното од нова година нема драстично да поскапат, министерот Бектеши ги уверува граѓаните да бидат спокојни цела грејна сезона. Во следните 15 дена Владата очекува до 12 насто поевтинување на млекото, млечните производи и на место по субвенционирана струја на прехранбената индустрија. Финансиска инспекција ќе ги проверува компаниите и општините што незаконски користат електрична енергија од регулиран пазар за затајување данок, ЕСМ ќе ги исклучи од мрежа ако сами не се префрлат на слободен пазар...

Ќе има поевтинување на цените на млекото, млечните производи и месото до 12 насто во следните 10 тина дена, уверува министерот Бектеши. Ги повикува граѓаните да пријават во Државниот пазарен инспекторат ако во маркетите цените не се намалат. На листата компании што добиваат субвенционирана струја 600 се пекарници, ќе се најдат и фармите во кои се одгледува добиток.

Бектеши тврди дека драстично поскапување на струјата и парното од Нова година нема да има, анализите биле направени, сепак крајната одлука ќе ја има Регулаторната комисија. ОД Економија најавија дека финансиска полиција ќе ги чешла компаниите и општинските јавни комунални претпријатија, над 100 субјекти што незаконски, преку формирање мали и микрофирми користат електрична енергија од регулиран пазар и затајуваат данок. ЕСМ ќе ги исклучи од системот ако сами не се префрлат на слободниот пазар велат од Владата

ЕБОР ги повлекува парите за справување со енергетската криза, Владата топката ја префрла кај опозицијата, но сепак тврди дека е подготвена и без овие пари да нема криза во снабдувањето со топлинска и електрична енергија.

Сузана Фиданска Стоевска