САД

Евакуација поради тропската бура „Никол“ на Флорида

10.11.2022 14:55

По пустошот на Бахамите, евакуација поради тропската бура „Никол“ на Флорида. Иако пристигна како ураган од прва категорија, невремето ослабна и поради тоа властите ги прекинаа првичните предупредувања...

По пустошот на Бахамите, евакуација поради тропската бура „Никол“ на Флорида. Иако пристигна како ураган од прва категорија, невремето ослабна и поради тоа властите ги прекинаа првичните предупредувања.

Во критичните окрузи е и Мар-а-Лаго, домот на поранешниот американски претседател Трамп. Откажани се над 1000 летови, а повеќе од 100 илјади домаќинства се без електрична енергија. Флорида претходно се справуваше со ураганот Ијан кој го погоди југоисточниот дел на САД во септември.