Влада: МНАВ е обврзана да ги следи правилата на Еуроконтрол
МНАВ е институција со сопствени тела за менаџирање и своја програма, а според информациите на Владата, постапката за избор на кандидати кои ќе посетуваат обука за контролори е сè уште во тек...

По медиумските објави за оставки и оспорувањето на конкурсот во МНАВ за контролори за летање, од Владата велат дека МНАВ е обврзана да ги следи правилата на Еуроконтрол. Тие велат дека МНАВ е институција со сопствени тела за менаџирање и своја програма, а според информациите на Владата, постапката за избор на кандидати кои ќе посетуваат обука за контролори е сè уште во тек.
„МНАВ е институција, која има свои тела за менаџирање и начин на одлучување и сопствен буџет. Според информациите кои ги има Владата, постапката за избор на кандидати за обука на контролори уште е во тек. Согласно меѓународните стандарди, МНАВ е обврзана во своето работење да ги следи строгите правила на Еуроконтрол и на Меѓународниот систем за управување со воздушен сообраќај на кој што е членка“, изјави владиниот портпарол, Душко Арсовски.
