Штип добива Центар за дијаспора
Во рамки на Националната стратегија за соработка со дијаспората, кабинетот на министерот задолжен за дијаспора почна со склучување договори со градоначалниците за отворање локални центри за иселениците. Целта е да им се помогне на нашите во светот за нивните предмети во институциите…

Дваесет и три општини во државата изразиле интерес да отворат локални центри за македонската дијаспора. Целта е да се олесни пристапот на нашите иселеници до државните и локалните институции и брзо надминување на административните бариери. Министерот задолжен за дијаспората, во Штип потпиша договор за отворање канцеларија за иселениците.
Општината во соработка со надлежните институции, треба да биде сервис и на жителите на општината, но и на нашите во светот.
Канцелариите ќе нудат асистенција и за електронските услуги. Проектот за формирање „Локални центри за дијаспората“ е упатена до сите општини во државата со обврска на давање услуги од стручна и техничко-административна природа на иселениците на кои им е потребна.
Славица Величковска
