Македонија

Уставниот суд оформи предмети за здруженијата „Културен центар Иван Михајлов“ и „Цар Борис Трети Охрид“

10.11.2022 16:32

Предметот се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка и е предаден на работа кај советник на судот и судија кои во следниот период треба да подготват реферат со конкретен предлог по којшто Уставниот суд ќе одлучува на седница.

Од Уставниот суд информираат дека е оформен предмет во кој се оспорени статутот и програмата на здружението „Културен Центар Иван Михајлов“.  Предметот се наоѓа во почетна фаза, односно во претходна постапка и е предаден на работа кај советник на судот и судија кои во следниот период треба да подготват реферат со конкретен предлог по којшто Уставниот суд ќе одлучува на седница.

Подносител на иницијативата е политичката партија „Левица“.

Од Уставен информираат и дека е оформен предмет во кој се оспорува програмата за работа и статутот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети Охрид“. И овој предмет се наоѓа во рана фаза- претходна постапка во која се прибираат потребните информации.

Подносител на иницијативата е адвокатот Тони Менкиновски.