Енергетска криза

Фирмите кои со манипулации влегле на регулираниот пазар, од јануари автоматски ќе бидат вратени на слободниот пазар

10.11.2022 17:01

Андонов соопшти дека заради спречување на злоупотребите од страна на некои правни лица, Владата донесе одлука за регулирање на овој проблем, информираат од владината прес- служба.

Како ќе се постапи со манипулациите на 12.000 фирми во земјава што се вратиле сами на регулираниот пазар, соработникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов, соопшти дека заради спречување на злоупотребите од страна на некои правни лица, Владата донесе одлука за регулирање на овој проблем, информираат од владината прес- служба.

„Со таа одлука точно е наведено дека доколку наведените правни лица до крајот на годината не се вратат самите на слободниот пазар, операторот на дистрибутивниот систем, како носител на лиценца која функционира врз основа на Законот за енергетика, ќе има обврска автоматски од први јануари 2023 година истите да ги врати на слободниот пазар“, информираше Андонов.