НАТО

Столтенберг: Русија е под голем притисок во Украина

10.11.2022 17:22

Столтенберг рече дека НАТО во наредните денови ќе набљудува дали Русите навистина се повлекле од западниот брег на реката Дњепар.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Русија е под голем притисок во Украина откако Москва нареди повлекување на војниците од јужниот град Херсон.

Столтенберг рече дека НАТО во наредните денови ќе набљудува дали Русите навистина се повлекле од западниот брег на реката Дњепар.

„Она што е јасно е дека Русија е под голем притисок и ако го напуштат Херсон, тоа ќе биде уште една победа за Украина“, изјави Столтенберг.

Тој додаде дека НАТО ќе ја поддржува Украина „сè додека е потребно“.