Македонија

Архиепископот Михаловско-кошички г. Георгиј од Православната Црква на Чешките земји и Словачка во посета на Бигорскиот манастир

10.11.2022 19:18

Од Бигорскиот манастир соопштуваат дека ценетиот гостин бил гостољубиво пречекан со свечен манастирски пречек и подохи, кој му доликува на архијерејското достоинство.

Во поклоничка и братска посета на Свештената бигорска Обител денеска допатува Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот Михаловско-кошички г. Георгиј од Православната Црква на Чешките земји и Словачка, заедно со презвитерите Василиј и Богуслав.

Од Бигорскиот манастир соопштуваат дека ценетиот гостин бил гостољубиво пречекан со свечен манастирски пречек и подохи, кој му доликува на архијерејското достоинство. По молитвената поворка за пречек со Светото Евангелие, во сечесниот Храм на Претечата беа испеани пригодните песнопенија за дочек на Архијереј, а потем Епископот Антаниски г. Партениј и Игумен на Свештената Бигорска Обител, му упати на Архиепископот поздравно обраќање.

Архиепископот и отците имаа средба со Старецот г. Партениј, на која разговараа за повеќе актуелни теми во православната екумена. Исто така, ги разгледаа содржините на манастирскиот комплекс, а во Бигорската книгохранителница разговараа со библиотекарите за теми поврзани со Литургиката и со современите преводи на Светото Писмо.