Временска прогноза

Променливо облачно и ветровито време

11.11.2022 08:45

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец...

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 1 до 8 степени, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени.