Свет

Илон Маск не исклучува банкрот на Твитер

11.11.2022 08:49

Новиот сопственик на Твитер, кој е и извршен директор на производителот на електрични возила Тесла и на компанијата Спејс Икс, нагласи дека неодамна ги продал акциите на Тесла за да го „спаси Твитер“...

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, изјави дека компанијата следната година би можела да загуби милијарди долари и дека не е исклучен банкрот.

На состанокот со вработените во Твитер, Илон Маск предупреди дека компанијата може да загуби милијарди следната година, пренесува Ројтерс.

Маск истакна дека не е сигурен какви ќе бидат финансиските можности на компанијата и дека не е исклучен банкрот.

Новиот сопственик на Твитер, кој е и извршен директор на производителот на електрични возила Тесла и на компанијата Спејс Икс, нагласи дека неодамна ги продал акциите на Тесла за да го „спаси Твитер“.

Продажбата на акции во вредност од 19,5 милиони долари е направена по просечна цена од околу 202 долари по акција, наспроти 290 колку што беше вредноста на акциите во август.