Уметнички пораки за интеррелигиско разбирање
Прилепското здружение „Станица П.Е.Т.“ со уметничка порака „различностите нè поврзуваат“ го заокружи проектот од шестнеделната школа за интеррелигиски комуникации на религиозни групи и граѓански здруженија од прилепскиот регион. Комуникацијата, разбирањето и нивното вклучување во одлуките на заедницата ќе ги надминат растечките нетолерантност и затвореност од последниве години...

Човекот нема моќ секому да прави добро, но има избор да не нанесе зло. Ова е една од пораките што преку ликовен израз ги упатија 17-те учесници од Прилепскиот регион на школата за интеррелигиски комуникации. Различностите, религиозни, културолошки и јазични треба да поврзуваат, а не да се потиснуваат и да се прикриваат.
Разбирањето, комуникацијата, ненаседнувањето на лажните вести и вклучувањето на религиозните групи во заеднички проекти ќе ги намали нивната затвореност и нетолеранција, присутни последниве години.
Претставниците на 17 религиозни групи и здруженија од Прилепскиот регион успешно работеа во шестнеделна школа за интеррелигиски комуникации.
Елизабета Митреска
