Македонија

Грковска бара одговори и одговорност за случувањата во М-НАВ

11.11.2022 09:39

„Информациите за евентуално самоволно однесување на членови на УО на М-НАВ, спротивно на сите принципи на добро владеење, вклучително и одговорно и совесно вршење на функцијата во заштита на интересите на граѓаните, со право предизвикуваат голем револт во јавноста“, напиша Грковска во објавата на Фејсбук...

Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, ги повика Управниот и Надзорниот одбор на М-НАВ да одговорат што се случува во Македонската навигација со конкурсот за контролори на летањето и дали тоа е на штета на квалитетни кадри и посебно за безбедноста. Таа вели „одговорност мора да има“.

„Информациите за евентуално самоволно однесување на членови на УО на М-НАВ, спротивно на сите принципи на добро владеење, вклучително и одговорно и совесно вршење на функцијата во заштита на интересите на граѓаните, со право предизвикуваат голем револт во јавноста. Затоа, ги повикувам членовите на УО и на НО на М-НАВ да дадат одговор дали го загрозуваат конкурсот на контролори на штета на квалитетните кадри и на штета на безбедноста на сите нас. Одговорност мора да има“, напиша Грковска на Фејсбук.