МВР

202 санкционирани возачи во Скопје, 23 за брзо возење

11.11.2022 09:41

На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 23 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за управување под дејство на алкохол...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 23 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за управување под дејство на алкохол.  

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за возач почетник, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас, соопштуваат од МВР.