Борел во Париз со Вучиќ и Курти
Во обид да ги смири тензиите помеѓу Белград и Приштина, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Борел ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти во Париз...

Во обид да ги смири тензиите помеѓу Белград и Приштина, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Борел ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти во Париз.
На маргините на Парискиот мировен форум во Франција Брисел ќе се обиде да постигне напредок со посредство на унијата. Вчера Курти и Вучиќ се сретнаа со францускиот претседател Макрон.
Тензиите меѓу Косово и Србија се засилија на почетокот на месецов, кога официјална Приштина почна да ја спроведува одлуката за пререгистрација на возилата од српски со косовски таблички.
Србите пак, ги напуштија сите косовски институции со барање да се почитуваат обврските од Бриселскиот договор, со кој е предвидено да се формира и Заедница на српските општини.
