Брисел

Во Брисел убиен полицаец, втор ранет, се претпоставува дека е терористички напад

11.11.2022 10:04

Еден полицаец е убиен, а еден ранет по напад со нож синоќа во Брисел. Според судски извор, постои сомнеж дека мотивот бил терористички...

Еден полицаец е убиен, а еден ранет по напад со нож синоќа во Брисел. Според судски извор, постои сомнеж дека мотивот бил терористички.

Осомничениот напаѓач е ранет и пренесен во болница. Во оваа фаза истрагата ја води бриселското обвинителство, а не белгиското федерално обвинителство, кое е одговорно за организиран криминал и тероризам.