Украина

Зеленски: Не ја затворив вратата за мировни преговори со Русија

11.11.2022 10:05

Руското повлекување од Херсон ќе трае најмалку една недела, вели украинскиот министер за одбрана. Тој вели дека Москва и натаму има околу 40.000 војници во регионот и дека тие се присутни во и околу градот...

Руското повлекување од Херсон ќе трае најмалку една недела, вели украинскиот министер за одбрана. Тој вели дека Москва и натаму има околу 40.000 војници во регионот и дека тие се присутни во и околу градот.

Од Вашингтон велат дека повлекувањето не значи и крај на војната.

Претходно, украинскиот претседател Зеленски, изјави дека не ја затворил вратата за потенцијалните мировни преговори со Руската Федерација, но под услов да разговара со земја која е подготвена за мир.

Според Зеленски важно е русите да вратат се, земјата, правата, слободата, парите и правдата.