МВР

Претрес во Скопје, приведен дилер на дрога

11.11.2022 10:40

На подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(44) од Скопје. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава..

На 10.11.2022 во 15.30 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(44) од Скопје.

При претрес во неговиот дом извршен по претходно издадена судска наредба полициски службеници кај него пронашле марихуана и дигитална вага.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР.