Скопје
Нови дојави за бомби во четири училишта
11.11.2022 11:17
Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на четири училиште во Скопје е упатена закана за поставена бомба...

Повторно дојава за бомби во четири училишта. Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на четири училиште во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
