Македонија

Во четири средни училишта во Скопје повторно дојави за бомби

11.11.2022 12:44

Повторно анонимни дојава за бомби на електронските адреси на четири средни училишта во Скопје. По добиената пријава, на терен веднаш излегоа антитерористичките тимови. Учениците и персоналот евакуирани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот...

Реални закани или поигрување со безбедносниот систем?

Полицијата активно трага по дојавувачот, но додека да му влезе во трага, скопските средни училишта по седми пат испразнети поради анонимните дојави за бомби. Учениците и наставниците надвор, полицијата внатре. Дојавите дека се подметнати експлозивни направи повторно стигнале електронски, и по втор пат во првата смена. Учениците алармираат дека овие случувања не се воопшто интересни и сериозно се рефлектираат на образовниот процес.

Од скопската полиција информираат дека околу 9 и 30 во четири училишта стигнала закана за поставена бомба.

„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Од Mинистерството за образование веќе им порачаа на директорите дека се должни до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштените часови.

Анита Димитријевска Велковска