Скопје

Запалена канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

11.11.2022 13:46

Демолирана и запалена канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во Кисела Вода...

Демолирана и запалена канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во Кисела Вода.

Противпожарни екипи го изгаснаа пожарот, нема повредени лица. Според МВР директорот пријавил дека на работното место по претходна расправија со поранешен вработен заедно со уште едно лице прво фрлиле запалива течност по што настанал пожарот.

Екипи се на терен, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот – велат од полицијата.