„Писателите за Скопје“, во пресрет на Денот на ослободувањето на градот
„Ние пишуваме и зборуваме на македонски јазик, ние знаеме кои сме и што сме“, писателите во пресрет на 13-ти ноември, Денот на ослободувањето на Скопје...

„Ние денес не можеме никому да му кажеме како тој да се нарекува, дали јазикот што го зборува е негов или туѓ, бидејќи ние знаеме кои сме и што сме. Ние пишуваме и зборуваме на македонски јазик и на ниеден друг“, став на претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Христо Петрески. Според него, јазикот е мајчин и татков, со него сме од раѓање и тој е најмалку нечиј дијалект.
Под слоганот „Писателите за Скопје“, во пресрет на 13-ти ноември, Денот на Град Скопје, од друштвото прочитаа беседи, делови од раскази, кратки репортажи и есеи за градот, кој како што велат, има поминато многу поплави, пожари и земјотреси, но секогаш се издигнувал како Феникс.
Сите авторски прилози со кои настапија писателите, ќе бидат објавени во дигитално издание на сајтот на Друштвото на писатели на Македонија. Планираат, оваа манифестација, во чест на Градот Скопје да стане традиционална.
Александра Спировска
