„Собрание за граѓаните“

Перцепцијата за работата на Собранието не е позитивна кај граѓаните

11.11.2022 14:00

Граѓаните во паркот „Жена борец“ можеа да им поставуваат прашања на дел од пратениците. Перцепцијата за работата на Собранието не е позитивна кај граѓаните. Пратениците апелираат дека Собранието е дом на граѓаните и може да закажат средба во било кој момент доколку имаат потреба да се сретнат со било кој од нив...

Пратениците немаат слух за граѓаните, нивните интереси се на последно место. Велат граѓаните кои во паркот „Жена борец“ можеа да им поставуваат прашања на дел од пратениците.

И пратениците велат дека перцепцијата за работата на Собранието не е позитивна кај граѓаните. Но додаваат дека интересот на партијата никогаш не треба да биде пред интересот на граѓаните.

Пратениците додаваат дека парламентот има најнизок рејтинг како институција во однос на довербата што ја добива од граѓаните и сите заедно треба да работат на подобрување на таа перцепција. Признаваат и дека личните навреди меѓу власт и опозиција се честа појава во Собранието.

Парламентарниот караван „Собрание за граѓаните“ изминатите недели посети 12 градови низ земјата. Целта е зајакнување на отвореноста и одговорноста на законодавниот дом, како и создавање можности за стекнување знаења за улогите и надлежностите на оваа институција.

Пратениците велат дека сè уште има локални канцеларии. А апелираат и дека Собранието е дом на граѓаните и може да закажат средба во било кој момент доколку имаат потреба да се сретнат со било кој од нив.

Ана Ј. Тодоровска