Предлог за поддршка за социјала и пензионери
Предлогот за финансиска поддршка на ранливите категории и пензионерите, дел од пакетот антикризни мерки пред народните избраници на Комисијата за финансирање и буџет. Според власта ќе помогнат на овие категории да се справат со финансиската криза според опозицијата ваквите предлози се козметика и нема да дадат поддршка, потребни се повеќе средства и поголем опфат на граѓани што ќе добијат помош. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе дадат поддршка, но амандмански ќе интервенираат.

Предлог законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани по скратена постапка пред Комисијата за финансирање и буџет. Со законот се предвидува финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во траење од четири месеци, во износ од 750 денари до 3000 денари месечно.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија со шест поднесени амандмани бараат проширување на опфатот на финансиската поддршка на поширок круг на граѓани и истата да трае за време на целиот кризен период, односно шест наместо четири месеци.
Од СДСМ со став – овој закон да се искористи на начин што ќе предизвика ефекти во иднина други категории на граѓани да добијат ваква материјална помош.
На комисијата и претходеа меѓусебни обвинувања на политичките партии. Власта ја обвини опозицијата дека ја блокира државната помош за граѓаните. Од опозицијата пак со обвинување до власта дека мерката е намерно задоцнета.
Марија Котовска
