Израел
Нетанјаху ќе составува уште една влада
11.11.2022 15:18
Нетанјаху веројатно ќе ги здружи силите со екстремната десница и верските партии за да обезбеди стабилно парламентарно мнозинство. Нетанјаху е најдолговечниот премиер во историјата на Израел...

В недела, израелскиот претседател Исак Херцог ќе му го довери мандатот за формирање на нова влада на лидерот на конзервативната Ликуд, Бенјамин Нетанјаху.
Оваа партија победи на минатонеделните избори, ставајќи крај на кризата во земјата во која беа одржани пет изборни процеси во период од четири години. Нетанјаху веројатно ќе ги здружи силите со екстремната десница и верските партии за да обезбеди стабилно парламентарно мнозинство. Нетанјаху е најдолговечниот премиер во историјата на Израел.
